- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 579.05 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 17, 2020
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.139/2020
„Согласно член 109 став 1 точка 26 од Колективниот договор на М. т. АД С., работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работната дисциплина и ред или неисполнување на работните обврски утврдени со закон, овој договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот постапува спротивно на правилата и одредбите дадени во посебните правилници на работодавачот и спротивно на поединечните упатства.
Врховниот суд на Република Северна Македонија, наоѓа дека правилно пониските судови утврдиле дека тужителот сторил кршење на работниот ред и дисциплина, на начин што тужителот кој бил косопственик на фирма подизведувач која работи во регионот на Т. во која работела фирмата на тужителот како подизведувач, а на овернет за 2014 година и 2015 година, имале потрошено околу 625.000 евра, а од страна на тужителот не била пријавена сопственоста и косопственоста во фирмата, што претставувало нарушување и е во спротивно со кодексот. Дотолку повеќе што изјавата за правен однос од 19.10.2009 година и изјавата за деловен интерес со која тужителот изјавува дека нема било каков сопственички, односно деловен интерес на одредена друга компанија, се согласил да работи во полза на добрите деловни интереси и дека успешното работење на друштвото соодвествува со нивните работни места, па извршувањето на нивните активности мора да биде на начин што не е во конфликт со интересите на друштвото. Како неспорно е утврдено дека тужителот сторил повреда и прекршување на интерните акти на работодавачот и тоа директивата за регулирање на конфликти на интереси на менаџери и вработени ЦЕОД 053, во која прецизно е утврден начинот на регулирање на конфликтот на интереси што претставува кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, правилно пониските судови утврдиле дека се исполнети законските претпоставки на погоре цитираните законски одредби, поради што и побиваната пресуда со која е потврдена првостепената пресуда во оваа смисла е правилна и законита.”