Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.145/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 849.35 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 5, 2020
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.145/2018

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија, во конкретниот случај правилно пониските судови го примениле материјалното право од член 72, член 81 став 1 точки 1, 2 и 3, член 82 став 1 точка 5, член 102 став 1 од Законот за работните односи (Службен весник на РМ бр. 62/05), член 28 став 1 алинеја 5, и член 32 од Колективниот договор на тужениот, кога го усвоиле тужбеното барање на тужителот, наоѓајќи дека одлуката за откажување на договорот за вработување е незаконита бидејќи тужениот не докажал дека тужителот ги сторил дејствијата за кои му е откажан договорот за вработување.

 

Имено, според мислење на Врховниот суд на Република Северна Македонија, правилно судовите заклучиле дека од содржината на оспорената одлука за отказ не е јасно всушност ниту која повреда на работни обврски ја направил тужителот, ниту пак со кои докази тоа се докажува. Во предметната одлука за отказ не е наведено кој работен ред и дисциплина тужителот не ги почитувал, кои работни обврски не ги извршувал, и кон кои прописи што важат за неговото работно место не се придржувал, односно не стои ни време, ни место, ни начин на сторување на кражбата со лекови.

Поради ова, правилен е заклучокот на пониските судови дека тужениот не докажал дека тужителот ја сторил кражбата на лекови, а кои лекови не биле сопственост на тужениот, туку на друга фирма, додека лицето задолжено за лековите не дало изјава по однос на тоа дали снемувало лекови, во која количина и какви лекови снемувало. Во ситуација кога тужениот не докажал дека тужителот ги сторил дејствијата за кои со одлука му бил откажан договорот за вработување, правилно судовите го усвоиле и тужбеното барање на тужителот во однос на враќањето на работа на тужителот на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка, согласно одредбата од членот 102 став 1 од Законот за работните односи, каде стои дека ако судот донесе одлука со која е утврдено дека на работникот незаконски му престанал работниот однос, работникот има право да се врати на работа по правосилноста на одлуката, ако тоа го бара.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-604/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право