Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.151/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 861.72 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 20, 2019
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.151/2018

„(...) Врховниот суд на Република Северна Македонија наоѓа дека пониските судови правилно го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање и ja поништиле како незаконитa Одлуката за отказ бр.02-1224/1 од 15.04.2016 година, бидејќи правилно заклучиле дека е спротивна на член 72, член 74, член 82 и член 86 од Законот за работни односи, со оглед дека во истата не се докажала основаноста на причината која го оправдува отказот, а не се наведени ни дејствијата со кои тужителот ја сторил повредата што му се става на товар.

Правилен е и заклучокот на пониските судови дека освен констатираното во одлуката дека тужителот го прекршил работниот ред и дисциплина и работните обврски на начин што ги фалсификувал потписите на генералниот директор и директорот на секторот за финансии и книговодството и го злоупотребил службениот печат и штембил, не е наведено на кои правила и прописи се однесува констатираната повреда, ниту е образложено на кој начин и со кои дејствија тужителот го сторил тоа, а нема ни доказ за утврдена вина за сторени кривични дела кои му се ставаат на товар на тужителот.

Оттука и по наоѓање на овој суд општата формулација дадена во одлуката за отказ, без притоа конкретно да се наведе и образложи кои се тие дејствија со кои тужителот го прекршил работниот ред и дисциплина и работните обврски, не може да претставува доволна и законски образложена причина за откажување на договор за вработување.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.135/2018
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право