- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 567.88 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 15, 2020
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.165/2019
„(...) второстепениот суд ја преиначил првостепената пресуда и го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот. Имено, второстепениот суд застанал на ставот дека со оглед дека тужителот конзумирал алкохол на критичниот ден и истиот бил под дејство на алкохол, како и фактот што во стопанскиот двор пред објектите на тужениот во состојба кога тужителот бил во видно алкохолизирана состојба дошло до вербална расправија помеѓу тужителот и ВД Директорот, тужителот со ваквите дејствија и однесување во работните простории на тужениот и во неговиот стопански двор ги сторил повредите наведени во решението за отказ на договорот за вработување, заради што истото е основано и законито.
Но, по наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија основано се укажува во ревизијата на тужителот дека второстепениот суд погрешно го применил материјалното право кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот. По наоѓање на ревизискиот суд сите факти битни за утврдување на одговорноста на работникот за повреда на работните обврски треба да ги содржи одлуката за престанок на работен однос, а согласно со одредбите од член 72 од Законот за работни односи, односно во истата треба да е наведен основот за отказот, утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот, да биде докажана основаноста на причината која го оправдува отказот и истите да бидат наведени во образложението. Работодавачот бил должен при донесувањето на оспорената одлука да го наведе основот за откажување на договорот за вработување и во истата да образложи на кој начин, со кои дејствија, во кој временски период и слично работникот ја сторил повредата што му се става на товар. Во случајов, тужениот ја донел одлуката за откажување на договорот за вработување врз основа на член 70 став 2, член 79, член 80 и член 81 став 1 точка 1 од Законот за работни односи, чл. 21 точка 8 од Статутот на тужениот и член 47 точка 4, 7, 9, 10, 13 од КД на тужениот, односно затоа што тужителот внесол, употребил или бил под дејство на алкохол, го злоупотребил работното место, односно работната обврска со што за себе или за друг прибавил противправна имотна корист или нанесува имотна штета на претпријатието, во текот на работата или во врска со работата стори дејствие кое има обележје на кривично дело, неовластено изнесува опрема, инвентар или друг материјал од претпријатието и ги спречува органите на контрола во извршувањето на работата.
Во конкретниот случај во одлуката за отказ според Врховниот суд на Република Северна Македонија, а како што и прифатил првостепениот суд отсуствува образложение во однос на причината која го оправдува отказот што ја прави одлуката за престанок на работен однос незаконита пред се од формални причини, без да се навлегува во однос на тоа дали тужениот во судската постапка или во постапката пред комисијата ја докажал основаноста на причините кои го оправудваат отказот. Предметната одлука нема никакво образложение, што значи дека работодавачот во својата одлука не ја докажал основаноста на причината која го оправдува отказот ниту пак има наведно конкретен опис на секоја од повредите кои му се ставаат на товар на тужителот во самата одлука согласно законската обврска содржана во член 72 од Законот за работни односи.
Оттука, имајќи го предвид наведеното и по оценка на овој суд правилно прифатил првостепениот суд дека во случајов тужениот не докажал дека тужителот ги сторил дејствијата кои му се ставаат на товар со одлуката за откажување на договорот за вработување без отказен рок, поради што правилно постапил кога го усвоил тужбеното барање на тужителот.”