Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.5/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 256.84 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 22, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.5/2016

„(...) пониските судови повикувајќи се на член 71 став 2 и 3, член 72, член 76 став 1 точка 3, член 85 и член 95 и 97 од Законот за работните односи, делумно го усвоиле тужбеното барање на тужителката и ја поништиле како незаконита одлуката за отказ на договор за вработувење од деловни причини број 03- 528 од 22.03.2013 година, донесена од страна на тужениот.

По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно пониските судови го примениле материјалното право кога одлучиле дека во конкретниот случај пред донесување на одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини тужениот бил должен да донесе одлука за измена на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места кај тужениот со укинување на работни места или со намалување на бројот на извршителите, односно да донесе нов акт за систематизација на работни места во писмена форма.

Оттука, Врховниот суд на Република Македонија, се согласува со заклучокот на пониските судови дека тужениот не утврдил по кој основ на тужителката ѝ престанал работниот однос, дали со укинување на работното место или со намалување на бројот на работниците на одредено место по спроведено бодирање и рангирање на вработените во согласност по претходно утврдени критериуми. Исто така, одлуката за откажување на договорот за вработување поради деловни причини не ги содржела сите законски елементи, т.е. не содржела причини во образложението за откажување на договорот за вработување кое го оправдува отказот, а кое нешто е од суштествено значење при давање на отказот, поради што не може да се прифати дека одлуката е законита. Всушност тужениот донел одлука за вреднување на работните места - програма врз основа на која спровел постапка и врз основа на утврдени критериуми ги утврдил лицата на кои требало да им престане работниот однос од деловни причини, меѓутоа истиот при донесување на одлуката за отказ на договорот за вработување на тужителот од деловни причини, не донел Правилник за измена на актот за организација и систематизација на работните места.

(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно пониските судови го примениле материјалното право, усвојувајќи го тужбеното барање на тужителката и поништувајќи ја одлуката за отказ на договор за вработување од 22.03.2013 година, па го задолжиле тужениот да ја врати тужителката на работа и да ја распореди на работно место соодветно на нејзината стручна подготовка.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.154/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право