Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.1096/2010

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 283.17 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 2, 2012
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.1096/2010

„Согласно член 42 од Колективниот договор, бројот и структурата на работниците на кои им престанува работниот однос кај работодавачот, поради економски, технолошки или слични промени (деловни причини), се утврдува врз основа на следните критериуми: резултати од работењето, стручна подготовка и квалификација, вкупен работен стаж кај работодавачот, работното место, работното искуство, возраст. Во член 2 од истиот Колективен договор, на ниво на работодавач може да се додадат и други критериуми. Во член 43 од истиот договор, се утврдени мерилата според кои се вреднуваат погоре споменатите критериуми од член 42 од Колективниот договор.

Имајќи го ова во предвид, како и фактот дека тужителот работел на работно место откупувач на млеко, а согласно систематизацијата на работните места се намалил бројот на извршители од 10 извршители на 7 извршители, правилно пониските судови заклучиле дека тужениот го донел оспореното решение без да спроведе постапка применувајќи ги критериумите утврдени во член 42 од Колективниот договор.

Следствено на ова, правилен е заклучокот на пониските судови дека тужениот го донел оспореното решение спротивно на Колективниот договор и Законот за работните односи, поради што таквата одлука за престанок на работниот однос на тужителот е неправилна и незаконита.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1551/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право