- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 274.09 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 27, 2017
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.6/2016
„Врховниот суд на Република Македонија се согласува со заклучокот на второстепениот суд дека во одлуката за отказ на договорот за вработување од деловни причини на тужителот не постои образложение за основот и причините за откажување на договорот за вработување, а кое нешто е од суштествено значење, поради што, не може да се прифати дека одлуката за отказ е законита. Притоа иако тужениот донел Програма за преземање мерки за надминување на состојбата и утврдил критериуми врз основа на кои треба да им престане работниот однос од деловни причини, но истиот при донесување на одлуката за отказ за вработување на тужителите поради деловни причини не ги спровел, ниту донел Правилник за измени на актот за организација и систематизација на работните места. Имено, во смисла на одредбата од член 95 од Законот за работните односи, тужениот како работодавец е должен да донесе нов акт за систематизација на работни места во писмена форма и да биде доставен до работниците, односно да донесе одлука за измена на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места со укинување на работни места или со намалување на бројот на извршители.
Според наведеното, по наоѓање на Врховнот суд на Република Македонија правилно судовите го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање на тужителот и ја поништиле одлуката за отказ бр.03.527 од 22.03.2013 година, од причина што постапката за отказ не е правилно спроведена и тужениот не утврдил по кој основ на тужителот му престанал работниот однос.”