- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 273.76 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 5, 2017
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.11/2016
„(...) судовите правилно го примениле материјалното право, повикувајќи се на одредбите од член 76 став 1 точка 3, член 94-а, член 95, член 96 и член 97 од Законот за работни односи, кога го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителката и утврдиле дека оспорената одлука е донесена во законски спроведена постапка. Од страна на тужениот биле преземени сите активности за ублажување на негативните последици, а како резулатат на престанување на потребата за функционирање на групата каде што била вработена тужителката ѝ бил откажан договорот за вработување согласно одредбите на Законот за работни односи. Имено, тужениот навремено ги информирал работниците, односно претставниците на синдикалната организација со цел тие да можат да се запознаат како и да истражат околу новонастанатата околност и ситуација која следела кај тужениот, имало размена на мислења, односно бил воспоставен дијалог меѓу синдикалната организација како преставник на работниците од една и тужениот како работодавач од друга страна, за тоа како би се надминала конкретната ситуација. Исто така од страна на тужениот била известена и Службата надлежна за посредување при вработувањето. Согласно наведеното, по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, не постои повреда на законските одредби од страна на тужениот при донесување на оспорената одлука за откажување на договорот за вработување на тужителката од деловни причини, бидејќи тужениот ја спровел постапка на реорганизација во работењето, како и откажувањето на Договорите за вработување од деловни причини согласно одредбите од Законот за работни односи.
Наводите во ревизијата дека измената и дополнувањето на правилникот за систематизација на тужениот не била донесена во форма на одлука и не можела истата да произведува правно дејство, се неосновани. Ова со оглед на фактот дека Управниот одбор одлучил да се одобри измената на организационата структура и измената на правилникот за внатрешна организација на тужениот, која е со важност со денот на донесувањето на одлуката 18.04.2012 година и притоа бил задолжен Одделот за човечки ресурси да изврши подготовка на постапката за престанок на работниот однос на вработените од деловни причини. Имено, од органограмот на правилникот кој важел од 18.04.2012 година, е утврдено дека во Одделот билинг повеќе не постои групата клиринг на стари побарувања каде фактички работела тужителката, што значи дека постои разлика од органограмот кој бил доставен во прилог со предлогот за измена и дополнување на правилникот за внатрешна организација од 04.10.2011 година каде што постоела оваа група.
Врховниот суд на Република Македонија ги ценеше наводите во ревизијата дека тужениот како работодавач го прекршил член 75 од ЗРО и член 158 од Колективниот договор, по однос на врачување на отказот, со оглед дека на тужителката која била на отворено боледување, Одлуката за откажување на договорот за вработување не ѝ била врачена ниту лично, ниту на адресата на живеалиштето од каде дневно доаѓала на работа, туку директно на огласна табла, но најде дека не е од влијание за поинакво одлучување, од причина што ваквата повреда е од релативен карактер, односно на тужителката не ѝ било ускратено правото на судска заштита, односно правото на приговор со оглед на фактот што тужителката поднела до Управниот одбор на тужениот навремен приговор против одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини, кој е одбиен како неоснован со Одлука УО.бр.04-8250/4 од 12.09.2012 година.”