- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 271.02 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 15, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.23/2018
„По наоѓање на овој суд, во конкретниот случај не е сторена повреда на одредбата од член 72 од Законот за работните односи, на која ревидентот се повикува во ревизијата. Имено, потребата за намалување на работниците со откажување на договорот за вработување од деловни причини ја цени работодавачот согласно своите потреби и деловното работење. Обврската за работодавачот која ја предвидува одредбата од член 72 од Законот за работните односи, е да се наведе основот за отказот, а во конкретниот случај во одлуката е наведен основот и причините за престанокот, односно наведено е дека престанокот на работниот однос е од деловни причини поради укинување на работното место на кое работел тужителот.
Неосновани се и наводите во ревизијата дека тужениот при спроведување на постапката не ја имал предвид одредбата од член 96 од Законот за работните односи, каде во став 1 е предвидено дека работодавачот пред да го откаже договорот за вработување од деловни причини, може на работникот да му понуди вработување кај друг работодавач без огласување, со превземање и склучување договор за вработување за вршење на работи кои одговараат на неговата стручна подготовка, односно квалификација, стручно оспособување (обука, преквалификација или доквалификација за работа кај истиот или кај друг работодавач), или нов договор за вработување. Имено, претходно цитираната одредба не предвидува изречно императивна обврска за работодавачот за понудување на доквалификација или преквалификација на работникот, туку предвидува само таква можност за тужениот како работодавач, а во конкретниот случај тужениот изрекол престанок на работен однос со исполнување на законската обврска за исплата на испратнина.
Врховниот суд на Република Македонија при одлучувањето ги имаше предвид и наводите во ревизијата дека одлуката која се оспорува во конкретниот предмет е незаконита поради тоа што органот од кој е донесена - Одборот на директори на тужениот, не бил правилно составен, а во смисла на член 50 и член 55 од Статутот на тужениот, односно дека одлуката е донесена од Одборот во кој не учествувал третиот неизвршен директор, меѓутоа овие наводи ги оцени како неосновани. Ова, од причина што во конкретниот случај сите записници и одлуки донесени од Одборот на директори биле донесени едногласно, поради што неучеството на третиот неизвршен член не може суштински да ги промени донесените одлуки, имајќи ја предвид одредбата од член 55 од Статутот, каде е наведено дека Одборот на директори одлуките ги донесува со мнозинство гласови.”