- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 536.78 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 28, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.36/2018
„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија пониските судови правилно го примениле материјалното право, кога раководејќи се од одредбите од член 71 став 2, член 72, 76 став 1 точка 3, член 96 и член 97 од Законот за работните односи и член 82 од Законот за средно образование, го усвоиле тужбеното барање на тужителот.
Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека пониските судови правилно заклучиле дека тужениот не докажал дека настанале промени во организацијата и технологијата на работењето кое би предизвикало потреба од намалување на бројот на вработени. Ова, особено од причина што во конкретниот случај од страна на Училишниот одбор на тужениот била донесена одлука бр.02-1021/2 од 18.09.2015 година за воведување на промени во организацијата и систематизацијата на потребните работни места на тужениот, врз основа на која истиот ден на 18.09.2015 бил усвоен Правилник за систематизација на работни места кај тужениот, со кој било предвидено по предметот англиски јазик 9 извршители со редовен работен однос.
Со оглед на наведеното, а при неспорно утврдениот факт дека за предметот англиски јазик, комисијата за рангирање на потенцијалните кандидати, извршила бодирање и рангирање на 7 професори по предметот англиски јазик, меѓу кои и сега тужителот, произлегува дека со воведените промени во организацијата и систематизацијата на тужениот, не престанала потребата од извршување на работата од страна на тужителот како професор по англиски јазик. Имено, согласно усвоениот Правилник за систематизација на работни места кај тужениот, за работното место професор по англиски јазик не се намалила потребата од бројот на извршители, што значи дека решението за откажување на договорот за работа поради прогласување на технолошки вишок од 19.11.2015 е донесено спротивно на член 76 став 1 точка 3 од Законот за работни односи, по кој основ на тужителот му е откажан договорот за вработување и како такво е незаконито.
При ваква состојба на работите кога за работното место на тужителот не се намалила потребата, сите понатамошни дејствија преземени од страна на тужениот како работодавач со цел заштита на правата од работен однос на тужителот во случај кога работниот однос му престанува од деловни причини, се без влијание за поинакво одлучување.”