Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.48/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 394.21 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 9, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.48/2017

„(...) произлегува дека одлуката со која му престанал работниот однос на тужителот од деловни причини е поради укинување на работното место на кое работел тужителот, и дека истата е правилна и донесена во законито спроведена постапка спроведена согласно одредбите од член 71 став 2, член 76 став 1 точка 3, и член 95 од Законот за работни односи.

Судот при одлучувањето ги ценеше наводите во ревизијата дека од Синдикалната организација не било дадено мислење и согласност за едностраното раскинување на договорот за вработување, дека не е утврдено дали навистина постојат структурални промени кај тужениот, бидејќи од спроведеното вештачење произлегло дека не е јасно за какви методи станува збор и какви промени на производство се спроведуваат кај тужениот, за да дојде до намалување на бројот на вработените, но најде дека истите не се од влијание за поинакво одлучување.

Имено, во конкретниот случај, во смисла на член 76 став 1 точка 3 од Законот за работните односи од утврденото произлегува дека кај тужениот е спроведена законита и правилна постапка, во која е донесена Одлука за укинување на работното место, Правилник и Програма со кои се предвидува укинување на работното место. Исто така, во смисла на член 95 од Законот за работните односи, известен е Синдикатот за потребите од престанок на работниот однос на тужителот поради укинување на работното место соработник, по кое известување Синдикатаот се произнел со мислење тужениот во постапката за престанок да постапи согласно Законот за работните односи и Колективниот договор на тужениот. Вештаченето изготвено по барање од тужителот не претставува доказ од кои произлегува дека тужениот при укинување на работно место не спровел законита постапка и дека промени на производство не биле спроведени кај тужениот за намалување на бројот на вработените. Ова, особено што имајќи предвидe дека од изведените материјални докази прозлегува дека тужениот при спроведувањето на постапката за укинување на работното место, постапил согласно одредбите од Законот за работните односи, дотолку повеќе што судот не цени во кој обем се спроведени кај работодавецот економски, организациони, технолошки, структурални и слични промени.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.132/2017
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право