Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.57/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 233.10 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 1, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.57/2016

„Имено, од утврденото во текот на постапката произлегло дека тужениот не спровел законита постапка при донесување на одлуката за престанок на работниот однос од деловни причини. Тужениот не донел Правилник за измена на актот за организација и систематизација на работните места со укинување на работни места или со намалување на бројот на извршители, на што бил должен тужениот, со оглед да одлуката на тужениот за отказ била од деловни причини. Исто така утврдено е дека тужениот има пропусти во начинот на заведување на одлуките при што истите не биле уредно заведени во деловодната книга. Судот утврдил дека во деловодната книга не постои деловоден број под кои се заведени записникот за одржан собир на содружници и програмата за преземени мерки и активности за надминување на моменталната состојба, туку истите биле заведени под деловоден број под кој е заведена потврда за работен однос на тужителката и апликација за кредит на тужителката.

Од вака утврденото произлегува дека тужениот не ја спровел целосно законито постапката за престанок на работниот однос на тужителката во кој ѝ е даден отказ на договорот за вработување од деловни причини, поради што, произлегува дека одлуката за отказ за вработување од деловни причини од 22.03.2013 година е неправилно и незаконито донесено, поради што Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека правилно судовите го примениле материјалното право усвојувајќи го тужбеното барање на тужителката.

Имено, неспорно дека тужителката работела на работно место продавач кај тужениот и дека била донесена програма за преземање мерки и активности заради надминување на моменталната состојба кај тужениот, меѓутоа од утврденото произлегува дека тужениот направил пропусти во постапката на начин што не донел нов акт во писмена форма за систематизација на работните места поради укинување, односно не донел правилник за систематизација на работните места со кои ќе се предвиди укинувањето, а кое што претставува законска обврска во случаи на престанок на работен однос поради деловни причини. Дека постои пропуст во постапката за престанок на работниот однос на тужителката е и фактот што при донесување на актите како што е програмата за преземање мерки и активности заради надминување на моменталната состојба кај тужениот, не била уредно заведена во деловодната книга и била заведена под деловоден број во деловната книга на тужениот кој што не постоел. Обврската предвидена со член 95 од Законот за работните односи, не го обврзува тужениот да ги извести работниците и синдикатот со оглед да во конкретниот случај немало синдикат, меѓутоа тужениот имал обврска од донесување на правилник за измена на актот за организација и систематизација на работните места кај тужениот со кој ќе се предвиди укинување на работно место, во уредно спроведена и законита постапка.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-396/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право