Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.71/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 348.93 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 10, 2016
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.71/2015

„По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилен е ставот на второстепениот суд дека во конкретниот случај тужениот како работодавач ги презел сите законски предвидени дејствија пред да му престане работниот однос на тужителот од деловни причини. Имено, тужениот во врска со намерата за престанување на потребата од работници поради деловни причини изготвил Предлог-програма за утврдување на потребата од воведување на структурални, економски и организациони промени, донел Правилник за внатрешна организација на работењето и систематизација на работните места со кој е укинато работното место на тужителот, по што донел Програма за укинување на работното место и презел мерки за спречување и ублажување на штетните последици од потребата за престанок на работниот однос од деловни причини, односно се обратил до други работодавачи за превземање на работниците на кои требало да им престане работниот однос. Со оглед на наведеното, а имајќи предвид дека во случајот немало услови за доквалификација, односно преквалификација на тужителот што би довело до понуда за склучување на променет договор за вработување кај тужениот, овој суд наоѓа дека одлуката за престанок на работниот однос на тужителот е правилна и законита.

Тужителот во ревизијата наведува дека постапката за изрекување на престанок на работниот однос е неправилна и незаконска, со оглед да тужениот преку синдикатот не го информирал тужителот дека има намера да презема деловни промени, а по донесување на Предлог-програмата вработил нови лица, што укажува на фактот дека кај тужениот не постои потреба од намалување на бројот на вработени. Овој суд ги ценеше ваквите наводи, но најде дека истите се неосновани, со оглед да тужениот ги исполнил законски предвидените обврски, меѓу кои и обврската да го извести синдикатот за изготвената Предлог-програма за утврдување на потребата од воведување на структурални, економски и организациони промени со мерки за решавање на правата од работен однос на работниците за кои ќе се утврди дека престанала потребата од нивно ангажирање, по што било одржано советување и донесен бил заклучок со мерки и активности кои ќе се преземат. Воедно, по наоѓање на овој суд, правилен е заклучокот на второстепениот суд дека потребата и причините за откажување на договорот за вработување од деловни причини ја цени работодавачот, согласно своите потреби од деловно работење, додека обврска на судот е да цени дали одлуката за откажување на договорот за вработување е донесена во правилна и законита постапка, во смисла на одредбите од Законот за работните односи.

Во насока на наведеното, ако се има во предвид дека одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини е донесена поради укинување на работното место на тужителот, во спроведена постапка во согласност со Законот за работните односи и Колективниот договор на ниво на работодавач, овој суд најде дека ревизиските наводи дека побиваната одлука не е донесена согласно член 72 од Законот за работните односи, се неосновани.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.67/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право