Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.71/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 325.19 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 14, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.71/2017

„По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија (...) пониските судови правилно го примениле материјалното право кога, повикувајќи се на одредбите од член 72, член 74 и член 95 од Законот за работните односи, го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителката.

Имајќи предвид дека тужениот постапил во согласност со одредбите од Законот за работни односи кои го регулираат правното прашање за постапката за откажување на договорот за вработување од деловни причини и ги презел сите законски дејствија пред да и престане работниот однос на тужителката од деловни причини, според овој суд правилно е стојалиштето на пониските судови дека одлуката за престанок на работниот однос на тужителката е правилна и законита.

Врховниот суд на Република Македонија ги оцени како неосновани ревизиските наводи дека пониските судови погрешно го примениле материјалното право кога го одбиле како неосновано тужбеното барање согласно одредбите од Законот за работните односи, без притоа да ги имаат предвид и одредбите од Законот за банки, кој е lex specialis и Статутот на тужениот, според кои тужителката има статус на лице со посебни права и одговорности и се именува за мандат од 4 години, а таквиот статус се однесува на севкупните нивни права и обврски, па и на престанувањето на истиот. Ова од причина што ваквите наводи биле истакнати во текот на постапката и ценети од страна на пониските судови кои образложиле дека од содржината на договорот за вработување кој е откажан со побиваните одлуки, произлегува дека не станува збор за менаџерски договор, во кој случај би се применувале одредбите од Законот за трговски друштва, туку се работи за договор за вработување кој бил склучен согласно одредбите од Законот за работни односи, а кои одредби наоѓаат примена и во постапката при неговото откажување.

Овој суд ги имаше предвид ревизиските наводи дека тужениот не го изменил Статутот на банката, во насока на тоа да се избрише работното место на тужителката и би се исклучил од групата на утврдените лица со посебни права и одговорности, но најде дека не е од влијание за поинакво одлучување, со оглед да побиваната одлука е донесена по спроведена постапка за откажување на договор на вработување од деловни причини, која резултирала со измени на Актот за систематизација во насока на укинување на работни места, меѓу кои и работното место на кое работела тужителката.”

Претходно Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.14/2017
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право