- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 248.88 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 3, 2016
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.139/2015
„(...) според Врховниот суд на Република Македонија, пониските судови правилно го примениле материјалното право, кога го усвоиле тужбеното барање на тужителот, при што дале доволно образложени и аргументирани причини, а со кои во целост се согласува и овој суд.
Имено, при неспорно утврдени факти, дека со решение на Фондот за ПИОМ од 24.04.2008 година на тужителот сметано од 18.03.2008 година му била утврдена намалена работна способност - инвалидитет, поради што на тужителот му било признаено и правото на распоредување на друга работа која не била поврзана со тежок физички напор, дигање и пренесување на тешки предмети со полно работно време, а тужениот не постапил по ова решение, односно не извршил прераспоредување на тужителот на соодветно работно место согласно преостанатата работна способност, туку во постапката за технолошки вишок извршил оценување на работната успешност на тужителот за постоечкото работно место како сечач на ножици каде што тужителот бил бодиран на ранг листата со најмал број на бодови, по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија правилно пониските судови прифатиле дека одлуката за отказ е незаконита, со оглед дека критериумот успешност во работењето претставувал основен критериум за задржување на работно место при одредување на работниците за технолошки вишок, а тужителот е бодиран за работно место за кое постоела и постои реална неможност успешно да ги извршува овие работни задачи поради неговата намалена работна способност.
Врховниот суд на Република Македонија ги ценеше наводите во ревизијата на ревидентот, во насока дека тужителот се до моментот на прогласување како технолошки вишок ги извршувал работните задачи како сечач на ножици и не преземал никакви активности да побара заштита на своите права за спроведување на решението на ФПИОМ од 24.04.2008 година, но најде дека се неосновани. Ова од причини што работодавачот е должен на работникот да му обезбеди услови за вршење на професионалната рехабилитација и да го распореди на друга работа со полно работно време во согласност со прописите од пензиското и инвалидското осигурување, а во смисла на одредбите од член 178 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр. 62/05...106/08). Во случајов имајќи ги во предвид одредбите од член 178 од Законот за работни односи, по наоѓање на овој суд произлегува дека тужениот како работодавач има обврска да го спроведе донесеното решение од ФПИОМ, односно да го распореди тужителот на соодветно работно место согласно преостаната работната способност без оглед дали тужителот истакнал посебно барање за спроведување на решението.”