Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.157/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 353.08 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 29, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.157/2016

„Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека е правилен ставот на второстепениот суд дека тужениот при донесување на одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини бил должен да постапи согласно член 76 став 1 точка 3 од Законот за работни односи, без оглед што е работодавач со мал број вработени и што во случајов работниот однос му престанува само на еден вработен.

Според второстепениот суд за да се прифати дека тужениот донел законито решение за откажување на договорот за вработување од деловни причини, требало претходно да спроведе постапка во која ќе донесе акт или одлука која ќе претставува иницијален акт за спроведување на намерата за воведување на економски, технолошки, организациони и слични промени, со која би се предвидела реорганизација и организација на работата и работните места, да се предвидат работните места кои ќе се укинат и работните места на кои ќе се намали бројот на извршителите, потоа да донесе Правилник за измена на актот за организација и систематизација на работни места, бидејќи без оглед на бројот на работници на кои ќе им престане работниот однос од деловни причини, работодавачот е должен да донесе одлука за измена на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места со која ќе утврди кои работни места се укинуваат, а на кои работни места се намалува бројот на извршители и да донесе нов Правилник за организација и систематизација, од кој би можело да се утврди дали е укинато работното место на тужителката.

При состојба кога тужениот не докажал дека постапил на наведениот начин и согласно член 205 став 1 од Законот за парнична постапка, не ги доставил горенаведените акти од кои ќе може да се утврди дека спровел законита постапка за откажување на договор за вработување од деловни причини, правилно прифатил второстепениот суд дека во смисла на член 72 од Законот за работни односи, тој не ја ни докажал основаноста на причината која го оправдува дадениот отказ од деловни причини.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.124/2016
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право