- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 284.80 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 7, 2014
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.166/2013
„По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно првостепениот суд утврдил, а второстепениот суд прифатил дека оспореното решение не содржи причини ниту образложение за откажување на договорот за вработување, како и дека постапката за откажување на договорот за вработување била спроведена без да се почитуваат правилата утврдени во Законот за работните односи. Имено, тужениот не донел акт за вработување како и систематизација на работните места со опис, а според бројот на вработени тој имал над 50 вработени, поради што требало да ги определи и посебните услови за вршење на работите на секое поединечно работно место како што е предвидено во член 19 став 2 од Законот за работните односи, или Правилник за систематизација со критериуми за да може да врши зголемување или намалување на бројот на извршителите на работните места. Понатаму, управителот на тужениот без утврдени критериуми со еднострано известие од 23.07.2012 година одлучил и ги известил вработените дека ќе им престане работниот однос на определен број вработени со што ги повредил одредбите од член 95 став 1 од Законот за работните односи и член 71 став 2 од истиот закон. Тужениот не презентирал докази дали можел на тужителот да му понуди вработување кај друг работодавач или со преквалификација или доквалификација да го оспособи за вршење работни обврски на друго работно место, на кој начин би ги ублажил последиците од економските, технолошките и структуралните промени што би довеле до намалување на бројот на вработените. Имајќи предвид дека тужениот не исполнил ниту една од предвидените законски обврски, по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија правилно пониските судови го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање на тужителот со образложение дека тужениот не спровел законита постапка за откажување на договорот за вработување поради деловни причини.”