Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.97/2019

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 1.26 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 30, 2020
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.97/2019

„Согласно член 94-а став 3 од Законот за работните односи, обврската за информирање и консултирање се однесува на трговско друштво, јавно претпријатие и друго правно лице што имаат над 50 работници и на установи што имаат над 20 работници.

Во случајот, ваквата законска одредба е исполнета од страна на тужениот, со оглед да на 06.03.2017 година бил одржан состанок со претставници на синдикалната организација, чија цел била информирање за причините поради кои ќе следи откажување на договорот за вработување на 10 работници поради тешката економска состојба во 2016 година и неможност да се обезбедат парични средства за плати на работниците, а исто така била разгледана опцијата дека не било можно прераспоредување на работниците на друго работно место, поради што неосновани се ревизиските наводи изјавени на овие околности.

Неоснован е ревизискиот навод дека е постапено спротивно на член 94-а став 5 од Законот за работните односи. Според член 94-а став 5 од Законот за работните односи, информациите треба да се дадат во време, на начин и со содржина што се соодветни за да им се овозможи на претставниците на работниците да спроведат соодветна анализа на истите и таму каде што е потребно да се подготват за консултирање. Ова од причина што во Програмата од 28.02.2017 година се констатира дека работно место на тужителот е укинато, а врз основa на наведената Програма тужениот на 01.03.2017 година донел Одлука за измена на Правилникот за систематизација, потоа и Одлука за отказ на договорот за вработување на тужителот од деловни причини од 06.03.2017 година. Според наведените и утврдени факти од пониските судови, во конкретниот случај не станува збор за колективно отпуштање од работа во смисла на член 94-а и член 95 од Законот за работни односи.

Правилно оценил второстепениот суд дека можноста согласно одредбите на член 96 од Законот за работните односи, пред да се откаже договорот за вработување од деловни причини, да се понуди на работникот вработување кај друг работодавач, стручно оспособување кај истиот или кај друг работодавач или нов договор за вработување, не е законска обврска за работодавачот, а дека во конкретниот случај предмет на оценка е дали оспорената одлука за откажување на договорот за вработување е донесена во правилна и законита постапка, за која е утврдено дека е правилно спроведена.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.98/2020
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право