Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.110/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 874.19 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 30, 2019
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.110/2018

„(...) според Врховниот суд на Република Северна Македонија правилно второстепениот суд прифатил дека во конкретниот случај, исполнети се условите од член 72 од Законот за работните односи и во случајот тужениот ја докажал основаноста на причината која го оправдува отказот, а тоа во конкретниот случај е откажување на договорот за вработување поради деловни причини, а која одлука е донесена во правилна и законито спроведена постапка.

Од тие причини неосновани се наводите во ревизијата на тужителот дека пред второстепениот суд е сторена суштествена повреда од член 343 став 1 во врска со член 327 став 4, 366 став 2 и член 341 став 1 од Законот за парничната постапка, односно дека второстепениот суд неосновано сметал дека одлуката е правилна во смисла на член 72 од Законот за работни односи, бидејќи тужениот дополнително ја доставил втората страна од оспорената одлука во која е содржано образложението, а која не е изведена во доказна постапка. Дотолку повеќе што на дополнително приложена целосна одлука за престанок на работниот однос на тужителот, тужителот првпат приговорил во постапката по ревизија, и не значи дека постапката за престанок на работниот однос на тужителот кај тужениот не е спроведена согласно Законот за работните односи и Колективниот договор на тужениот. Особено што второстепениот суд ја ценел законитоста на постапката на работодавачот пред да го откаже договорот за вработување од деловни причини, за која пред донесување на поединечната одлука за отказот на договорот за вработување на тужителот, била донесена групна одлука со која престанува работниот однос на 26 вработени на исто работно место, меѓу кои е и тужителот, со која се образложени причините за донесување на истата.

Неосновани се и наводите во ревизијата дека во случај на откажување на договорот од деловни причини, работодавачот е должен да му исплати на тужителот испратнина, а тужениот не навел никаков доказ дека извршил исплата на испратнината во смисла член 97 од Законот за работните односи, поради што смета дека целата документација е фиктивна, односно дека работното место никогаш не е укинато, туку е укинато работното место во група 1, каде што не работел тужителот, дека тужениот бил должен да изврши бодирање и да постави критериуми за двете работни места и дека најдоцна 30 дена пред донесување на Одлуката за престанок на работен однос, бил должен тужениот да го извести Синдикатот за содржината на одлуката, односно дека е повреден член 105 став 1 од Колективниот договор и член 95 и 96 од Законот за работните односи.

Во конкретниот случај исполнети се одредбите од член 95 од Законот за работните односи, односно била известена Синдикалната организација и било прибавено мислење, а во смисла на член 97 од истиот закон, со Одлуката на тужителот му е дадена можност за остварување на испратнина во определена висина. Во смисла на член 96 став 1 од Законот за работните односи, работодавачот нема обврска, но може да му понуди на тужителот и да го вработи на друго работно место, или да го доквалификува, односно преквалификува за други работни задачи, само доколку постои можност.

Во конкретниот случај нема основ за бодирање на работното место, од причина што станува збор за укинување на работното место, а не и за намалување на бројот на извршители, поради што основано е утврдено дека е законита постапката.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-775/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право