- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 1.17 MB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 30, 2019
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.128/2018
„(...) Врховниот суд на Република Северна Македонија наоѓа дека пониските судови правилно го примениле материјалното право кога повикувајќи се на член 76 став 1 точка 3, член 94-а, член 95, член 96 став 1 и член 97 став 1 од Законот за работни, како и член 103 став 2 точка 3, член 112, член 113 став 1 точка 1, член 115 став 1, 2 и 3, член 164 став 1, 2 и 3 од Колективниот договор на тужениот, го одбиле тужбеното барање за поништување на Одлуката за откажување на Договорот за вработување од деловни причини со отказен рок.
Правилно е стојалиштето на пониските судови дека постапката за престанок на работниот однос на тужителот, била правилно и законито спроведена. Ова ако се има во предвид дека пред донесување на истата, била донесена Програмата во која тужениот направил анализа на состојбата на Друштвото, периодот за кој планираните отпуштања ќе се случат, постапката за нивно реализирање, правата на работниците за кои престанува потребата од работа, извори на финансиски средства и мерки за ублажување на негативните последици од колективните отпуштања. Дотолку повеќе, што тужителот доброволно го потпишал Договорот за вработување од 21.05.2012 година и Анексот кон истиот од 18.12.2014 година и ги прифатил правата и обврските (работните задачи и задолженија) утврдени во Анексот.
Неоснован е ревизискиот навод дека тужениот не постапил согласно предвиденото во член 105 од Колективниот договор и не ја известил навреме Синдикалната организација за постапката за откажување на Договорите за вработување од деловни причини, со оглед на утврдениот решителен факт од страна на пониските судови дека тужениот ја доставил Програмата за утврдување на потреба за престанок на работен однос со откажување на договорот за вработување од деловни причини на работници за чија работа престанува потребата кај тужениот, на 03.09.2015 година, а по истата Синдикатот дал мислење на 23. 09.2015 година во кое му било укажано на Управниот одбор да создаде услови и да превземе мерки за ублажување на последиците и постапката да ја спроведе согласно Законот за работни односи и Колективен договор.
Неосновани се и ревизиските наводи дека тужениот постапил спротивно на одредбите од Колективниот договор и не извршил бодување на работниците. Ова од причина што и по наоѓање на овој суд во конкретниов случај немало ни потреба од бодување затоа што работното место на кое работел тужителот било укинато, па тужениот немал ни обврска да врши бодирање за работното место кое се укинува.”