Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-150/19

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 667.38 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 10, 2019
  • Последна промена декември 29, 2022

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-150/19

(...) „Во член 72 од Законот за работните односи е предвидено дека ако работодавачот го откажува договорот за вработување е должен да го наведе основот на отказот утврден со закон, Колективен договор и акт на работодавачот, да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот и истите да ги наведе во образложението. Како причина која е наведена во одлуката за откажување на договорот за вработување со понуда за склучување на нов договор за вработување е наведна неопходна потреба на процесот на работа. Потребата за прераспоредување на работникот ја цени работодавецот, односно работодавачот цени кога има неопходна потреба во процесот на работа за да може да врши распоредување на работниците од едно на друго работно место, а не судот, кој цени само дали таквата одлука е законита или не. Со тоа што работникот бил распореден на друго работно место согласно со актот за систематизација, а доколку за тоа работно место е потребен степен на стручна подготовка кој го поседува истиот работник, тоа не ја прави одлуката за прераспоредување незаконита.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-150/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право