Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-195/21

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 756.32 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 6, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-195/21

(...) „Во член 102 од Законот за работните односи е предвидено дека, ако судот донесе одлука со која е утврдено дека на работникот незаконски му престанал работниот однос, работникот има право да се врати на работа по правосилноста на одлуката, ако тоа го бара. Во став 2 од истиот член е предвидено дека, покрај враќањето на работа, работодавачот е должен на работникот да му ја исплати бруто платата која би ја земал кога би бил на работа согласно со закон, колективен договор и договор за вработување, намалена за износот на приходот кој работникот го остварил врз основа на работа по престанокот на работниот однос.

Во конкретниот случај, неспорен е фактот дека на тужителот на 24.01.2018 година му престанал работниот однос од деловни причини, меѓутоа таквата одлука за отказ е поништена како незаконита од страна на првостепениот суд со пресуда РО-20/19 од 04.04.2019 година. Со истата пресуда задолжен е тужениот да го врати тужителот на работа на работно место согласно стручната спрема. Тужениот постапувајќи по правосилната пресуда го повикал тужителот на работа на 30.07.2019 година, меѓутоа истиот не склучил нов договор за вработување со тужениот. Во смисла на цитираната одредба на тужителот му следува надомест на штета од незаконит престанок на работниот однос во висина на платата што тужителот би ја остварил доколку би одел на работа во спорниот период. Прво првостепениот суд не утврди дали работното место на кое работел тужителот е укинато.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-195/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право