Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-109/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 770.93 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 17, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-109/21

(...) „При повторното одлучување, првостепениот суд да го има во предвид горе наведеното, да го прибави Колективниот договор на тужениот кој бил во важност за предметниот период со сите измени и дополнувања и да утврди за кои додатоци на плата тужителот би имал право на зголемување и колкав е процентот. Вештото лице да постапи по горе наведените укажувања и откако првостепениот суд ќе го утврди горе наведеното ќе може да донесе законита пресуда. Доколку по одредени основи како, на пример работа во смени и работа во ден на неделен одмор не е предвиден додаток на плата по Колективниот договор на тужениот, да го има во предвид Општиот колективен договор за јавниот сектор и неговите измени и дополнувања. Врз основа на она што е уредено по колективните договори на ниво на работодавач и Општиот колективен договор за јавен сектор кои се во важност за предметниот период, вештото лице да го дополни наодот и мислењето и тоа за оние додатоци кои се предвидени со колективен договор на тужениот процентите да ги земе од тој договор, а за додатоците кои не се предвидени со колективниот договор на тужениот, а се предвидени во колективниот договор за јавен сектор процентите да ги земе од тој колективен договор. Уште еднаш со сигурност да разјасни дали евиденцијата по дневните распореди се совпаѓа со карнетките за присуство на работа во кои карнетки работникот се потпишувал при доаѓањето и заминувањето од работа. Вештачењето да се изготви врз основа на писмените докази. Ова од причини што тужителот може да е по распоред на работа, а да не дојде на работа, па да се разјасни дали по распоредот за работа тужителот бил присутен на работа. Ако не се евидентирани неработните денови во карнетките како прифаќа вештото лице дека податоците и во распоредите за работа и во карнетките целосно се совпаѓаат.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-57/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право