- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 881.45 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 28, 2022
- Последна промена јули 11, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-424/22
(...) „По оценка на овој суд, нејасно е врз основа на што произлегува задолжението на првостепениот суд во износ од 5.252,00 денари на име помалку исплатен додаток од бруто плата, кога самиот тужител во поднесокот наведува дека во целост му е исплатен нето износот од 49.621,00 денари, за што тужениот прилага доказ - налог за извршена уплата. Нејасно е од каде произлегува износот од 5.252,00 ден. на име помалку исплатен додаток од бруто плата во ситуација кога тужениот има обврска на тужителот да му исплаќа само нето плата, додека пак останатиот износ кој што се однесува за придонеси и данок на доход тужениот е должен во име и за сметка на тужителот да го исплаќа во надлежните институции, а не како што тоа го направил во изреката на оваа пресуда. На рочиштето одржано на 09.07.2021 г. тужениот достави доказ - извод од тековна состојба од која се гледа дека на 13.01.2021 г. тужениот извршил уплата во износ од 71.062,00 ден., па од тие причини тужителот со поднесок од 25.01.2021 г. го повлече тужбеното барање за овој износ, но остана за разликата од тужбеното барање и каматата за кои што немало деказ дека се исплатени. Тужениот во жалбата наведува дека обврска е на тужителот да докаже дали има побарување од страна на тужениот и за што се однесува.”