Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-178/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 914.16 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 6, 2021
  • Последна промена јули 12, 2024

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-178/21

(...) „Имено, судот утврдил дека тужителката има право на плата согласно закон, КД и договор за вработување, а согласно договорот за вработување на тужителката кој е склучен со тужениот на 02.01.2014 година и кој не е изменет до престанувањето на работниот однос истата има право на нето плата од 30.800,00 денари.

Со оглед на тоа што одлуката за намалување на платите е донесена по престанокот на работниот однос на тужителката и се однесува за веќе изминат и одработен период, значи дека врз основа на истата тужениот немал право на тужителката да и исплаќа намалена плата и придонеси за месеци кои што поминале и ги имала обработено. Всушност, не можела да биде донесена одлука за исплата на помала плата со ретроактивно дејство за изминат период, бидејќи доколку тужителката како вработена знаела за одлуката, таа можеби немало да се согласи да работи за наведениот помал износ на плата во одлуката.

Предвид на наведеното судот утврди дека тужбеното барање на тужителката е основано за исплата на разлика на плата за ноември, декември, јануари и февруари како и за исплата на законска казнена камата за задоцнето плаќање на платата сметано од денот на доспеаноста за секој месец поединечно до денот на исплатата.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-219/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право