Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-324/22

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 704.21 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 17, 2022
  • Последна промена јули 12, 2024

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-324/22

(...) „Имено, согласно чл. 105 од ЗРО, работникот има право на заработувачка - плата, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување, а која плата се состои од основна плата, дел од плата за работна успешност и додатоците, ако со друг закон поинаку не е определено, а согласно чл. 106 ст. 3 од истиот закон, покрај другите додатоци на плата работникот има право и на додаток за работен стаж.

Согласно чл. 14 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, основица за пресметка и уплата на придонеси е плата, дополнителни примања од работен однос утврдени со закон кои ги уредува работните односи, колективен договор и договорот за вработување, а согласно чл. 7 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување средствата потребни за остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување ги обезбедува осигуреникот и работодавачот преку плаќање на придонеси на ПИО согласно закон.

Исто така, согласно чл. 6 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, правата од пензиско и инвалидско осигурување, односно правото на пензија не застарува, а со оглед да ваквото право не застарува, не застарува и правото, односно обврската на работодавачот за плаќање на придонеси за ПИО, бидејќи ваквите придонеси претставуваат основ и услов за остварување на правото на пензија кое согласно овој закон не застарува, а во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд на РСМ од 14.07.2021 година. Од овие одредби несомнено произлегува дека работодавачот, односно тужениот во конкретниот случај имал и се уште има обврска да ги уплати придонесите за ПИО за тужителката во Фондот за ПИОМ на основица утврдена од страна на вештото лице, без оглед дали разликата на плата, односно дали разликата на додатокот за работен стаж и е исплатен на тужителката или не, бидејќи придонесот за ПИО согласно горе наведените одредби не застарува и тужителката има право да бара од тужениот ваквиот придонес да го уплати во Фондот за ПИОМ заради остварување на правото на пензија, а кое право согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување исто така не застарува. Фактот што разликата на додатокот за минат труд, односно за работен стаж не и е исплатен на тужителката, а несомнено од доказите произлегува дека истата остварила право на разлика на додаток за минат труд за предметниот период, не значи дека тужителката го изгубила правото да бара уплата на придонеси за ПИО на пресметаната основица на име разлика на додаток за минат труд, односно дека со тоа престанала и обврската на тужениот како работодавач за уплата на ваквиот придонес во Фондот за ПИОМ. Што значи дека е нејасен заклучокот на првостепениот суд дека во конкретниот случај немало основица за плаќање на придонесите за ПИО во Фондот за ПИОМ.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-205/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право