- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 697.14 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 21, 2021
- Последна промена јули 11, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-287/21
(...) „Во чл. 68 од Колективниот договор за социјална заштита Сл. весник бр. 83/2006 е предвидено дека основната плата на работникот се зголемува по час и тоа за прекувремена работа 35%, ноќна работа 35%, работа во смени 35% и за работа во денови на празници утврдени со закон за 50%. Во чл. 53 од Колективниот договор за социјална заштита Сл. весник 249/2019 е предвидено дека работникот има право на додаток на плата за работа во смени и додаток на плата за време на празници утврдени со закон и тоа додатокот на плата за работа во смени по час се вреднува во износ од 5% од износот на основната плата пресметана по час, а работникот кој бил ангажиран согласно условите од став 1, алинеја 3, 4 и 5, односно за време на неделен одмор, за време на празници утврдени со закон и за работа подолга од полното работно време има право на онолку слободни часови, односно денови колку што бил ангажиран за работа надвор од редовното работно време. Во истата одредба е предвидено дека доколку на работникот не му се обезбеди користење на работни часови, односно денови согласно ст. 6 на овој член му се исплаќа додаток на плата во износ од 35% од износот на основната плата пресметана по час.
Со оглед на фактот дека тужбеното барање на тужителот се однесува за периодот од 09-ти месец 2017 година заклучно со 03-ти месец 2020 година наоѓаат примена Колективните договори за социјална заштита бр. 83/2006 со измените и дополнувањата како и колективниот договор бр. 249/2019 година.
Од наодот на вештото лице произлегува дека за работа во празник на тужителката и се исплаќал додаток согласно Општиот колективен договор за јавен сектор во висина од 29% наместо 50% согласно Колективниот договор за социјална заштита од 2006 година, а по стапување во сила на новиот Колективен договор Сл. весник бр.249/19 додаток на плата за работа во празник во износ од 35%. Неспорно е дека во Колективниот договор од 2006 година предвидено е дека додатоците на плата, надоместоците и други примања на работникот се исплатуваат под услови во висина и на начин утврдени со Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор, меѓутоа со колективен договор за социјална заштита уредени се додатоците на плата и работодавачот на работникот за работа во денови на празници треба да му исплати зголемување за 50%, односно 35 посто, а не 42%. Исто така, во Општиот колективен договор за јавниот сектор - чл. 17 е предвидено дека правото на зголемена плата по основ на работа во три смени, а првостепениот суд утврдил дека тужителката работи во две смени, па нејасно е како го усвои тужбеното барање во овој дел.”