- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 721.12 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 14, 2022
- Последна промена јули 12, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-592/21
(...) „Од списите во предметот видно е дека на 08.11.2019 година полномошникот на тужителот се обратил до вештото лице за да изготви вешт наод и мислење. На 04.12.2019 година вештото лице се обрати до тужениот со барање да му биде доставена потребна документација за изготвување на вешт наод и мислење. На 16.12.2019 година вештото лице се обратило до полномошникот на тужителот и го извести дека не ја добил потребната документација од страна на тужениот. Поради тоа на 09.09.2020 година, судот се обратил до вештото лице да изготви вешт наод и мислење во рок од 15 дена по приемот на списите на предметот. На 22.09.2020 година вештото лице го извести судот дека на 11.09.2020 година се обратил до тужениот за обезбедување на документацијата, но во рок од 8 дена како што било побарано не му била доставена потребната документација. При таква состојба на 25.09.2020 година судот се обратил до тужениот за да истиот му ја достави потребната документација на вештото лице. Меѓутоа, од страна на тужениот и после тоа не било постапено по барањето заради што на 23.12.2020 година вештото лице го извести судот дека сеуште ја немал добиено потребната документација. При таква состојба судот му наложил на вештото лице да изготви вештачење со онаа документација што располага.
Од погоре наведеното неспорно произлегува дека тужениот е тој кој што го оневозможил тужителот во остварување на неговите права. Тужениот беше должен да постапи по барањето на вештото лице како и по барањето на судот истиот на вештото лице да му ја достави потребната документација како би можело вештото лице да изготви вешт наод и мислење. Со оглед на тоа дека не беше така постапено од страна на тужениот вештото лице, а по налог на судот изврши вештачење само врз основа на расположивата документација. При таква состојба овој суд смета дека основан е жалбениот навод на тужителот дека истиот бил оневозможен од страна на тужениот да ги оствари своите права.
Од тие причини, овој суд жалбата ја уважи, а пресудата ја укина и предметот го врати пред првостепениот суд на повторно судење.
При повторното судење првостепениот суд уште еднаш да го задолжи тужениот на вештото лице да му овозможи да изврши увид во потребната документација кај тужениот за да може да се изготви релевантно вештачење. Ако тужениот и понатаму не му ја дава на вештото лице потребната документација првостепениот суд врз основа на доказите кои ги има во списите на предметот да одлучи по тужбеното барање на тужителот. При одлучувањето да го има во предвид фактот дека на тужителот му е продолжуван работниот однос што произлегува од доказот од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и да цени дали се исполнети условите од чл. 117 од ЗРО за исплата на бонус плата.”