- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 756.32 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 6, 2021
- Последна промена јули 12, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-195/21
(...) „Тужителот во жалбата наведува дека од страна на првостепениот суд неправилно е применето материјалното право во делот на одбиеното тужбено барање на име јубилејна награда. Имено, на 24.01.2018 година тужителот имал работен стаж од 19 години, 3 месеци и 26 дена. На денот на правосилноста на пресудата со која е поништена одлуката на тужениот за престанок на работниот однос неспорен факт е дека тужителот имал повеќе од 10 години непрекинат работен стаж кај тужениот и ги исполнил условите за јубилејна награда, па нејасно е како првостепениот суд го одбил тужбеното барање на тужителот. Ваквите жалбени наводи се основани од причини што тужителот кога бил повикан да се врати на работа кај тужениот имал повеќе од 10 години работен стаж кај тужениот, па основано се поставува прашањето дали го исполнил условот за исплата на јубилејна награда при состојба кога работниот однос на тужителот е престанат по вина на тужениот и тужителот бара штета од незаконит престанок на работен однос.”