Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-96/22

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 801.85 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 3, 2022
  • Последна промена јули 12, 2024

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-96/22

(...) „дежурството претставува посебен начин на организирање на работата во здравствената установа со кое се обезбедува непрекинaта 24-часовна здравствена дејност, кое дежурство може да се воведе ноќе, во закон определени празници и од работа слободни денови и за кое дежурство согласно Колективниот договор, е пропишaн посебен додаток во висина на наведените проценти од Гранскиот Колективен договор, па прашање е дали има правен основ за времето кога здравствениот работник работи во дежурство, да остварува право и на другите додатоци од член 64 од Колективниот договор за здравствена дејност. Според тоа, здравствениот работник има право и правен основ за надомест на другите додатоци пропишани во овој Колективен договор и тоа за работата остварена надвор од времето на дежурство, односно во период после дежурство, доколку истиот работел прекувремено согласно горенаведените одредби од Законот за здравствена заштита и Колективниот договор, меѓутоа вештото лице во наодот и мислењето нема утврдено и разграничено кога тужителката работела во дежурство, како посебен начин на организирање на работата со пропишан посебен додаток за таквото дежурство и дали истата надвор од времето поминато во дежурство има работено прекувремено, ноќе, во ден на неделен одмор и дали истата работела во три смени надвор од времето за дежурство, за да може да се утврди дали истата остварила право на додатоци по овие основи согласно горенаведените одредби, или не.

Имајќи го во предвид горенаведеното, овој суд оценува дека е нејасен заклучокот и причините на првостепениот суд дека тужителката остварила право на додаток по горенаведените основи во наведените висини, притоа имајќи го во предвид фактот дека дежурството е посебен начин на организирање на работата во здравствената установа и дека за време на дежурството нема основ да се остварува и право на додаток за прекувремена работа, работа ноќе, работа во три смени и работа во ден на неделен одмор, а за кои додатоци се однесува и тужбеното барање.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-95/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право