- Version
- Преземи 7
- Големина на фајлот 964.62 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 8, 2021
- Последна промена јули 12, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-320/21
(...) „Исто така, основано тужениот во жалбата наведува дека неосновано судот го задолжил да плати на име надомест за неискористен годишен одмор за 2019 година. Ова од причини што првостепениот суд при уважувањето на барањето за неискористениот годишен одмор се повикува на одредбата од член 145 од ЗРО и не утврдил дали тужителот претходно поднесол барање за користење на годишниот одмор што е услов за исплата на ваквиот надоместок. Видно од списите во предметот не постои доказ дека тужителот писмено се обратил до тужениот и побарал користење на годишен одмор, туку првостепениот суд констатирал само дека тужителот не го искористил годишниот одмор од објективни причини. На тужителот му престанал работниот однос поради заминување во пензија, а од страна на тужениот не му бил продолжен работниот однос, па во ситуација кога немал добиено одлука за продолжување на договорот за вработување, не е утврдено дали поднел барање за користење на годишен одмор и дали тужениот го оневозможил да го користи одморот пред престанокот на работниот однос. Сите овие спорни факти и околности првостепениот суд не ги утврдил со сигурност.
По однос на регресот за годишен одмор, да го утврди решителниот факт, дали тужителот поднесол писмено барање за користење на годишен одмор за 2019 година, во смисла на чл. 145 од ЗРО, а потоа да одлучува за надоместокот за неискористен годишен одмор.”