- Version
- Преземи 7
- Големина на фајлот 769.13 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 19, 2022
- Последна промена јули 13, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-322/22
(...) „Во Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средни училишта, точно е пропишана постапката како се врши трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време и кога е дозволена. Помеѓу другите услови кои треба да ги исполнува работникот, треба да е добиена согласност за трансформација на работниот однос од Министерството. Директорот на училиштето врз основа на дадената согласност во рок од 7 дена од добивањето на согласноста за трансформација на работниот однос, донесува одлука за трансформација на работниот однос.
Поради горенаведеното, овој суд првостепената пресуда ја укина. При повторното судење првостепениот суд со изведување на веќе изведените докази да цени дали согласно закон се исполнети условите за трансформација на работниот однос на тужителката од определено на неопределено време, дали е спазена постапката за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време и дали е дозволено врз основа на дадена согласност за вработување на определено време да се изврши трансформација на работниот однос на неопределено време.”