- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 737.85 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 20, 2021
- Последна промена јули 21, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-118/21
(...) „Во конкретниот случај, тужениот објавил оглас за засновање на работен однос на неопределено работно време, и тоа еден извршител за работното место медицинска сестра за превентивна заштита на деца, со завршена средна стручна спрема - медицинска сестра техничар стоматолошка сестра, забен техничар и 3 медицински сестри со средна стручна спрема медицинска сестра техничар, на работното место медицинска сестра за превентивна заштита на деца се пријавиле 2 кандидати, а сите останати меѓу кои и тужителката се пријавиле на работното место медицинска сестра техничар, што значи дека огласот е објавен за различни работни места и покрај тоа што било огласено едно работно место за медицинска сестра за превентивна заштита и 3 работни места за медицинска сестра техничар тужениот изготвил бодирање на кандидатите на една ранг листа односно сите пријавени кандидати се бодирани со една ранг листа. За работното место под реден број 1 од ранг листата, примена е Д. Б. кој била пријавена на работно место медицинска сестра за здравствена и превентивна заштита на деца, за работната позиција медицинска сестра - техничар избрана била Л. П. која била втора на ранг листата, К. П. која била трета на ранг листата и Ш. Р. која била 10-та на ранг листата. Тужителката била на 4-то место од ранг листата со освоени 77,50 бода, а избраниот кандидат Р. Ч. со освоени 51,67 бода.
Во член 2 од Законот за вработените во јавниот сектор е предвидено дека работодавачи во јавен сектор се: органите на државната и на локалната власт, и други државни органи основани согласно со Устав и со закон, и институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот социјална заштита, и заштита на детето, спортот, како и други дејности од јавен интерес утврдени со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од РМ или од Општините.
Во член 3 од овој закон е предвидено дека за вработените во јавниот сектор се применуваат одредбите од овој закон, одредбите на посебните закони, прописите донесени врз основа на овој закон, и посебните закони и колективните договори. Во член 6 од истиот закон е предвидено дека вработувањето во јавниот сектор се врши преку објавување на јавен оглас при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка за селекција се избира најстручниот и најкомпетентниот кандидат за работното место. Во чл. 13-а од Измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита е предвидено дека во јавните установи работните места се групираат во групи и подгрупи согласно Законот за вработените во јавниот сектор и тоа административни службеници, даватели на јавни услуги и помошно - технички лица Службен весник бр. 43/14. Во чл. 155-а од истиот закон е предвидено дека вработените во јавните установи кои вршат работи од здравствената дејност имаат статус на даватели на јавни услуги во здравството и на нив се применуваат одредбите од овој закон, Законот за вработените во јавниот сектор и општите прописи за работните односи.
Од цитираните одредби произлегува дека при вработувања во јавниот сектор покрај посебниот закон, во случајот Законот за здравствена заштита се применува и Законот за вработените во јавниот сектор кој упатува на околноста дека на избор по оглас се избира најстручниот и најкомпетентниот кандидат.”