Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-303/22

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 906.42 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 16, 2022
  • Последна промена јули 21, 2024

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-303/22

(...) „Согласно чл. 77-s од Законот за културата формата и содржината на јавниот оглас и пријавата за вработување, начинот на спроведување на аудицијата, како и начинот на бодирање во зависност од категоријата и новото на работното место за кое е објавен огласот, се утврдуваат со општ акт на јавната установа од областа на културата што го донесува управниот одбор, на предлог на директорот.

Согласно чл. 77-б ст. 2 од Законот за културата покрај општите услови за пополнување на работно место за даватели на јавни услуги во културата од ст. 1 на овој член, кандидатот треба да ги исполни и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работните места во јавната установа од областа на културата како што е и соодветното работно искуство потребно за работното место.

Согласно чл. 76-ѓ од истиот закон, во рамките на категоријата Д се утврдени нивоата на работни места на даватели на јавни услуги во културата меѓу кои ниво Д3 - каде спаѓа и работното место кустос за кое е предвидено работно искуство до една година.

Согласно чл. 77-д кандидатите за вработување доставуваат до јавната установа од областа на културата пријава и докази дека ги исполнуваат условите од јавниот оглас. Согласно чл. 77-ѓ директорот на јавната установа од областа на културата со решение формира Комисија за постапка за вработување составена согласно ст. 2, ст. 3 и ст. 4 од истиот член. Во чл. 77-е е регулирана постапката за административна селекција.

Овој суд, смета дека првостепениот суд погрешно заклучил од изведените докази дека тужителот нема активна легитимација да бара поништување на одлуката за избор на кандидат и го одбил тужбеното барање, без притоа да се повика на нуту една законска одредба. Во фаза на административна проверка на доставените документи било утврдено од комисијата дека тужителот не го исполнува посебниот услов по огласот работно искуство до 1 година и судот не се впуштил во оценка на посочените неправилности и незаконитости на постапката од која резултирала одлуката за избор. Меѓутоа, овој суд смета дека тужителот има правен интерес како кандидат кој се јавил на огласот да бара да се поништи одлуката за избор на кандидат по огласот за работното место кустос. Погрешно заклучил првостепениот суд дека тужителот и да имал активна легитимација судот повторно немал да се впушти во оценка на законитоста на постапката за избор, бидејќи се барало поништување на одлуката за избор на друг кандидат, а не и поништување на постапката. Ваквиот заклучок на првостепениот суд е неоснован, бидејќи согласно Законот за културата пред да се донесе одлуката за избор на кандидат по јавниот оглас, претходи постапка. Директорот на јавната установа со решение формира Комисија за постапка за вработување. Документите доставени од тужителот биле проверувани од комисијата за која тужителот наведува дека била составена спротивно на закон, а избраниот кандидат бил без ни еден ден работно искуство за работното место по огласот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-279/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право