- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 722.27 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 8, 2021
- Последна промена јули 21, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-558/20
(...) „За работното место Командир на одделение не е предвидено било какво високо образование како наведува првостепениот суд, туку е предвидено вработениот да има завршено 4-ти степен на образование со стекнати 180 или 240 кредити или најмалку вишо или средно образование. Основани се жалбените наводи на тужителот дека првостепениот суд при одбивањето на тужбеното барање погрешно ја толкува одредбата од член 11-б став 12 од Законот за пожарникарство. Согласно ваквата одредба, во посебните услови кои што раководните структури - пожарникари од категорија Б треба да ги исполнуваат, односно за нивоата Б3 и Б4 во кое спаѓа и предметното работно место, кандидатот треба да има најмалку 3 години работно искуство во струката евидентирано во Агенцијата за вработување.
Во конкретниот случај, избраниот кандидат се стекнал со образование Дипломиран професор по физичка култура и работел како наставник по физичко воспитување, односно целиот негов работен стаж бил како наставник по физичко воспитување без никакво работно искуство во струката за која е објавен огласот, односно во областа на пожарникарството.
Погрешно заклучил првостепениот суд дека терминот искуство во струката се однесува за искуство од било која струка каде кандидатот стекнал образование, од причини што без оглед на образованието на кандидатот во конкретниот случај за ова работно место е потребен посебен услов, а тоа е искуство во струката за која е објавен огласот и каде ќе работи, што се подразбира работно искуство во областа на пожарникарството. Со самиот факт што станува збор за раководител, како посебен услов претставува искуство во струката на пожарникарството, а не било какво работно искуство од струката која ја имал кандидатот што се пријавил на огласот како што утврдил првостепениот суд. Ова дотолку повеќе што и во Законот за административни службеници, поточно во член 5 точка 5 на кој се повикува првостепениот суд стои дека работното искуство не треба да се поистоветува со работен стаж, па во конкретниот случај би значело дека избраниот кандидат имал 9 години работен стаж на работното место на кое работел и работно искуство како професор, но судот не утврдил дали има работно искуство во струката пожарникарство.”