Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-276/22

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 854.12 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 22, 2022
  • Последна промена јули 21, 2024

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-276/22

(...) „Имено, од записникот за извршениот инспекциски надзор од 14.01.2021 година несомнено произлегува дека во предметот за семејно насилство и старателство за лицето М. М. биле сторени неправилности во работењето на субјектот на надзор, а кои неправилности се наведени и во самиот записник изготвен од инспекторите кои го вршеле надзорот. Имено, како неправилности наведени се дека по смртта на таткото на малолетната М. во оставинската постапка, со решение од 27.11.2017 година, за старател за посебен случај била поставена мајката на М., истовремено давајќи и согласност да располага со имотот што ќе го прими на име на ќерката и право и таа да овластува други лица да располагаат со имотот на детето. Исто така, по барање на нотарот Е. П. од Б. за поставување на старател за посебен случај кој ќе ја застапува и ќе ги штити правата и инересите на малолетната М. како наследник во оставинската постапка на нејзиниот покоен татко на новопронајден имот кој се состоел од парични средства добиени по решение П4-9/19 од 30.01.2020 година на Основниот суд Битола за М. во износ од 800.000,00 денари по основ на надомест на нематеријална штета од чл. 145 ст. 4 од Законот за правда за децата како дете жртва на кривично дело, досуден со пресуда на Основен суд Битола од 23.05.2019 година, намалени за долговите на оставителот во С. Б. АД Б., ЦСР, како орган за старателство во име на детето, наместо да побара од Министерството за правда да ги повлече сите средства од С. Б. и повторно да ги уплати на име на детето за кое што биле пресудени, донел решение од 14.04.2020 година со кое за старател за посебен случај ја поставил мајката на М. и го задолжил старателот по завршувањето на оставинската постапка да поднесе извештај за истата во Ц. Меѓутоа, старателот немал поднесено извештај, а ниту пак го доставил решението на нотарот по завршувањето на оставинската постапка. Ц. и дал согласност на мајката да располага со имотот што би го наследило детето уште пред завршувањето на оставинската постапка, а кое нешто не било во согласност со чл. 142 и 147 од Законот за семејството.

Поради ваквите неправилности констатирани во инспекцискиот надзор и однесувањето на вработените во Службата за социјални услуги на која служба како Р. бил поставен и овластен тужителот со овластување од 25.12.2019 година, оштетено било малолетното дете М. од страна на нејзината мајка, односно со однесувањето на вработените во оваа служба како и тужителот како Р. на истата и било дозволено и овозможено незаконско располагање со паричните средства досудени во корист на малолетната М. на име надомест на нематеријална штета од кривично дело, дозволено било истите да претставуваат новопронајден имот на таткото на малолетната М. иако тие средства биле досудени за малолетната М. и не претставувале имот на нејзиниот покоен татко, а исто така во постапката за наследување на ваквиот новопронајден имот било дозволено истиот да биде наследен од малолетната М. и мајката на М., а со тој имот да располага мајката на М. во состојба кога против неа била изречена привремена мерка за семејно насилство и пред истекот на таквата мерка и донесување на судска одлука во врска со мерката малолетната М. била вратена кај нејзината мајка.

Сето ова, односно констатираните неправилности во инспекцискиот надзор, укажува дека причините на првостепениот суд дека од доказите не можело да се утврди дека тужителот ја сторил повредата за која му е изречена мерката се нејасни и неразбирливи и не произлегуваат од изведените докази, а кое нешто ја чини наведената суштествена повреда.

Исто така, нејасни се и причините на првостепениот суд дека дисциплинската комисија била непрописно составена. Ова од причини што еден од членовите на комисијата, односно претседателот на комисијата бил Р. на Службата за права од социјална заштита, а другите двајца членови биле со звање самостоен стручен службеник од А4 ниво, кое нешто било во согласност со чл. 217 од Законот за социјална заштита.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-313/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право