Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-465/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 707.97 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 25, 2022
  • Последна промена јули 21, 2024

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-465/21

(...) „Тужителот како претпоставен на З. С. поднел барање за произнесување во врска со настанот, на кое З. С. поднела одговор дека состанокот го напуштила и не се вратила поради појава на големи главоболки од повишен крвен притисок и потреба да земе медикаментска терапија. На 21.08.2020 година секретарот на тужениот со барање број 04-156/5 се обратил до тужителот како раководител на сектор, по разгледување на документацијата да поведе соодветна дисциплинска постапка против З. С. Тужителот на 14.09.2020 година го известил секретарот дека побарал одговор од З. С., ја ценел изјавата на Д. Д. и го информирал секретарот дека нема основ за несовесно, ненавремено или небрежно вршење на работните задачи, ниту непристојно однесување при вршењето на работните задачи од страна на З. С. поради што немало основ за поведување на дисциплинска неуредност против З. С. со ваквото известување тужителот ја запазил законската процедура.

Секретарот на тужениот на 15.10.2020 година изготвил писмен извештај број 07-228/1 со кој констатирал дека за тужителот постои основ за дисциплинска одговорност - дисциплинска неуредност со наводи дека несовесно ја вршел својата работа, бидејќи фактичката состојба во врска со настанот ја проверил еднострано, не го зел предвид дописот на Д. Д. кој бил присутен на настанот и не нашол за потребно да го запраша секретарот што се случило навистина. Таквиот писмен извештај бил доставен до тужителот на 16.10.2020 година и на 21.10.2020 година секретарот на тужениот донел решение број 04-228/4 за изрекување на дисциплинска мерка, дисциплинска неуредност и тужителот бил парично казнет за направена повреда од чл. 72 ст. 1 т. 5 од Законот за административни службеници и чл. 4 и 7 од Кодексот за административните службеници.

Против ова решение тужителот поднел жалба до Агенцијата за администрација меѓутоа жалбата била одбиена како неоснована и решението за изречена парична казна било потврдено. Врз основа на утврдената фактичка состојба, првостепениот суд согласно чл. 72 ст. 1 т. 5 и чл. 77 ст. 4 од Законот за административни службеници го уважил тужбеното барање на тужителот. При тоа, заклучил дека секретарот на тужениот имал право и можност директно да поведе дисциплинска постапка за дисциплинска одговорност против административниот службеник З. С. за настанот кој што се случил во неговиот кабинет. Од друга страна пак тужителот одговорил со свое мислење на барањето на секретарот дека за административниот службеник З. С. нема основ за несовесно, ненавремено или небрежно вршење на работните задачи и нема основ за дисциплинска неуредност како одговорност. Со таквото дадено мислење на тужителот постапил по барањето на секретарот на тужениот, ја запазил законската процедура, поради што немало основ за поведување на дисциплинска мерка дисциплинска неуредност и донесеното решение од страна на тужениот било незаконито.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-482/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право