Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-693/17

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 503.95 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 6, 2017
  • Последна промена јануари 19, 2023

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-693/17

(...) „Во чл.48 од Законот за работните односи е предвидено дека, договор за вработување може да се склучи и за работно време пократко од полното работно време (неполно работно време.). Работникот кој склучил договор за вработување со неполно работно време има договорни и други права и обврски од работниот однос како работникот кој работи полно работно време и ги остварува пропорционално на времето за кое што склучил договор за вработување освен тие за кои со закон поинаку е определено. Ако во договорот за вработување поинаку не е определено работодавачот на работникот кој работи со неполно работно време не смее да му наложи на работникот да работи подолго од договореното работно време освен во случаите од член 119 од Законот за работни односи. Работодавачот е должен во договорот за вработување со неполно работно време да го утврди почетокот и завршетокот на неполното дневно работно време на работникот и да води посебна евиденција за работниците со неполно работно време, а за склучените договори со неполно работно време Агенцијата за вработување на Република Македонија еднаш месечно го известува Државниот инспекторат за труд. Доколку работдавачот повредил некое право што произлегува од ваквиот работен однос, тогаш работникот има право да поведе судски спор.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-712/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право