- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 245.45 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 12, 2017
- Последна промена ноември 5, 2024
Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.197/2016
„(...) пониските судови го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот, со кое барал да се поништи одлуката бр.04-1753/4 од 01.10.2015 година донесена од директорот на тужениот, со која на тужителот му бил откажан договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина без отказен рок поради неоправдано отсуство од работа 3 (три) последователни дена, како и одлуката бр.02-1811/2 од 14.11.2015 година донесена од Управниот одбор на тужениот, повикувајќи се на член 82 став 1 точка 1 од Законот за работни односи и член 8 од Правилникот за работен ред и дисциплина на тужениот, како и член 78 од статутот на тужениот и член 76 од Колективниот договор. Имено, првостепениот суд врз основа на евидентниот лист за работа каде се потпишување работниците за потврда на присутност, нашол дека тужителот во спорните денови: 22, 23 и 24.09.2015 година не бил на работа и не го оправдал своето отсуство, со кое дејствие сторил кршење на работниот ред и дисциплина, поради што заклучил дека одлуката е донесена во согласност со ЗРО, статутот и правилникот на тужениот.
Меѓутоа, по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, пресудите на пониските судови се нејасни и неразбирливи, а материјалното право е применето без да се утврдат доволно причини за решителните факти од кои се раководел второстепениот суд при одлучувањето, а особено што при одлучувањето не ја имале во предвид одредбата од член 116 став 7 од Законот за работни односи.
Имено, основан е ревизискиот навод дека пониските судови ги донеле своите одлуки без да ја имаат во предвид електронската евиденција за евидентирање на присуство на работа, туку како меродавна ја зеле во предвид само евиденцијата која ја воделе непосредно претпоставените во книгата за евиденција. Дотолку повеќе што согласно член 72 и член 116 став 7 од Законот за работните односи, работодавецот има законска обврска да го докаже пријавувањето или непријавувањето и присуството или неприсуството на работа, со законско задолжително средство за евидентирање на присуството на работното место - електронска евиденција, кое нешто не било предмет на расправа. Ако се има предвид утврдениот факт дека спорните денови 22, 23 и 24.09.2015 година тужителот не се јавил на работа, бидејќи не бил потпишан во книгата за евиденција, не е утврдена спорната околност дали во ситуација кога тужителот бил претходно усмено распределен да работи на гробиштата, бил должен и во тие денови да се потпишува во евидентната книга или електронски да се отчукува со картица, или пак можеби имало друга книга за евиденција кога работел во другата работна единица, т.е. кај гробиштата. Ваквиот факт од релевантно значење останал неутврден од страна на пониските судови, кои погрешно заклучиле дека е доволен само увидот во книгата за евиденција на вработените, па таков доказ тужениот не доставил.
Исто така, основан е ревизискиот навод дека одлуката за престанок на работниот однос на тужителот, спротивно на член 85 од Законот за работни односи, не содржи образложение за основот и причините поради кои му се откажува договорот за вработување, ниту се повикува на соодветна одредба врз основа на која утврдува дека работникот сторил кршење на работниот ред и дисциплина без отказен рок, поради неоправдано отсуство од работното место спорните последователни три денови - 22, 23 и 24.09.2015 година и неевидентирање во книгата за присутност.”