- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 294.91 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 17, 2017
- Последна промена ноември 5, 2024
Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.78/2016
„Пониските судови одлучувајќи за основаноста на тужбеното барање, се раководеле од писмената изјава за престанок на работниот однос, при што утврдиле дека тужителот своерачно ја потпишал и дека истиот бил свесен дека потпишува изјава со која сака да му престане работниот однос, ако се има предвид содржината на искуцаната писмена изјава. Во оваа насока, пониските судови заклучиле дека престанокот на работниот однос на тужителот е законит, поради што, повикувајќи се на одредбите од член 70, член 71 став 1 и член 74 став 1 од Законот за работни односи, го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот.
Меѓутоа, по наоѓање на овој суд, пониските судови не дале доволно образложени причини поради кои прифатиле дека тужителот имал јасно и слободно изразена волја за престанок на работниот однос, особено ако се има предвид да пониските судови не постапиле по напатствијата дадени со одлуката на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.187/2012 од 26.05.2014 година, на што основано се посочува и во ревизијата.”