Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.137/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 339.94 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 16, 2018
  • Последна промена ноември 5, 2024

Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.137/2017

„Во смисла на одредбите од член 72 и член 74 од Законот за работните односи, ако работодавачот го откажува договорот за вработување е должен да го наведе основот за отказот, утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот. Воедно, отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма, а работодавачот е должен писмено да го образложи откажувањето на договорот, како и да му укаже на работникот на правната заштита и да го запознае со неговите права од осигурување во случај на невработеност, согласно со закон. Во оваа насока, ако се има предвид содржината на одлуката бр.02-5157/1 од 22.11.2013 година, со која на тужителот му се откажува договорот за вработување бр.04-4175/1 од 31.12.2012 година, и анексот на договорот за вработување бр.04-166/2 од 10.01.2013 година, основано се посочува во ревизијата дека во истата нема прецизиран основ за откажување на договорот за вработување и анексот кон договорот, нема образложение на основот и причините кои го оправдуваат отказот, што е од суштествено значење при престанокот на работниот однос. При ваква состојба на работите кога побиваната одлука не ги содржи сите законски елементи, не e јасен заклучокот на пониските судови дека истата е донесена во законито спроведена постапка. Воедно, во изреката на одлуката бр.02-5157/1 од 22.11.2013 година, на тужителот му е предложено склучување на нов променет договор за вработување, по кој тужителот морал да се изјасни во рок од 15 дена од приемот на понудата, па како тужителот поднел писмена изјава дека не го прифаќа предлогот за склучување на нов променет договор, тужениот ја донел одлуката бр.02-5646/1 од 13.12.2013 година, со која повторно му ги откажал договорот за вработување бр.04-4175/1 од 31.12.2012 година и анекс на договорот бр.04-166/2 од 10.01.2013 година, а поради неприфаќање на новиот договор за вработување согласно член 78 од Законот за работните односи. Оттука, имајќи предвид дека неприфаќањето на новиот променет договор за вработување само по себе не претставува основ за престанок на работниот однос во смисла на одредбите од Законот за работните односи, според овој суд контрадикторен е заклучокот на пониските судови дека одлуката бр.02-5646/1 од 13.12.2013 година е донесена во согласност со закон.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.144/2017
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право