Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.152/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 900.21 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 30, 2019
  • Последна промена ноември 5, 2024

Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.152/2018

„(...) пониските судови заклучиле дека одлуката за откажување на договорот за вработување со понуда за склучување на променет договор е незаконита и донесена спротивно на одредбите на Законот за работните односи, од причина што во конкретниот случај не постоел склучен договор за вработување помеѓу тужителката и тужениот кој би можел да биде предмет на отказ со понуда на нов променет договор пред отказ.

Меѓутоа, по наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија, основано тужениот во изјавената ревизија укажува дека наведените причини во побиваните пресуди во делот на одлуката за откажување на договорот за вработување со понуда на променет договор за вработување се нејасни и не произлегуваат од изведените докази во текот на постапката, кои судовите воопшто не ги ценеле ниту ги земале предвид при одлучувањето, а од нив зависела правилна примена на материјалното право. Ова од причина што и по наоѓање на овој суд, пониските судови при одлучување пропуштиле со сигурност да утврдат дали помеѓу тужителката и тужениот бил заснован работен однос врз основа на кој тужениот на тужителката и ја врачил одлуката за откажување на договорот за вработување со понуда на променет договор за вработување бр.02-194/3 од 15.06.2015 година. Ова со оглед да во членот 1 од оваа Одлука е наведено дека на тужителката која е во работен однос со тужениот со полно работно време и заклучно со 15.06.2015 година извршувала работи и работни задачи како извршен директор на тужениот и се откажува договорот за вработување со понуда за склучување на променет договор за вработување, при што и во Одлуката за разрешување на извршен директор бр.02-194/2 од 15.06.2015 година која се споменува во образложението на Одлуката 02-194/3 од 15.06.2015 година е наведено дека Претседателот на тужениот е овластен на вработената д-р Д. М. да и предложи нов променет договор за вработување. Покрај тоа, во текот на постапката биле изведени како доказ образец М1/М2 од 29.12.2011 година и пријава/одјава од задолжително здравствено осигурување од 12-ти месец 2011 година на име на тужителката, како и Пријава за потреба од работник на работно место - извршен директор од 29.12.2011 година, поднесена од тужениот до Агенцијата ..., кои воопшто не се ценети и коментирани од пониските судови.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.128/2018
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право