Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.39/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 242.96 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 4, 2016
  • Последна промена ноември 5, 2024

Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.39/2015

„Второстепениот суд во целост ја прифатил утврдената фактичка состојба од страна на првостепениот суд, но заклучил дека првостепениот суд погрешно го применил материјалното право, па ја преиначил првостепената пресуда и го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителката. Според стојалиштето на второстепениот суд, во случајот не биле исполнети законските услови за да се изврши трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време, бидејќи од доказите произлегувало дека трансформацијата на работниот однос не се бара за работно место кое е ослободено по основ на пензионирање или други основи, а тужителката не успеала да докаже дека за трансформацијата на работниот однос е добиена согласност и дека се обезбедени финансиски средства, ниту пак докажала дали тужениот има трајна потреба од работникот и дека има обезбедено средства од старо финансирање. Притоа, како основ за одлучување го земал во предвидe член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи (Службен весник на РМ бр. 106/2008), како и член 1 од Законот за дополнување на Законот за работни односи (Службен весник на РМ бр. 47/2011). Исто така, се повикал и на член 4 и 17 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година (Службен весник на РМ бр. 171 од 28.12.2012 год.).

(...) според Врховниот суд на Република Македонија, основано се укажува во ревизијата на ревидентот, дека ваквото образложение на второстепениот суд е нејасно и неразбирливо и е противречно на изведените докази во текот на постапката. Ова од причини што, второстепениот суд иако во целост ја прифаќа фактичката состојба утврдена од страна на првостепениот суд, каде е утврдено дека тужениот има добиено согласност од Министерството, има обезбедено средства од старо финансирање, има потреба од работникот како и дека работното место било предвидено во Правилникот за организација и систематизација на работи и работни задачи, сепак го одбива тужбеното барање, со погоре наведеното образложение. (...)”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.94/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право