- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 258.42 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 28, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.24/2017
„Имено, факт е дека тужителот, вклучително и останатите царински службеници опфатени со извештајот за извршената контрола од 03.10.2013 година во периодот од 01.10.2012 година до 18.08.2013 година издавале дозволи за превоз во меѓународниот патен сообраќај спротивно на новото упатство за примена на Законот за превоз на патници во патниот сообраќај од 20.09.2012 година, меѓутоа пониските судови не ги утврдиле со сигурност причините поради кои царинските службеници не постапувале согласно новото упатство од 20.09.2012 година. Имено, со цел правилна примена на материјалното право судовите биле должни со сигурност да го утврдат решителниот факт дали биле овозможени услови за примена на новото упатство од страна на царинските службеници, а со тоа и од страна на тужителот.
Ова особено доколку се имаат во предвид исказите на сослушаните сведоци Џ. Т. и Ч. П. кои биле водичи на смена и исказот на тужителот во врска условите и можноста за постапување на царинските службеници согласно упатството за примена на Законот за превоз на патници во патниот сообраќај од 20.09.2012 година. Имено, утврдено е дека царинските службеници согласно новото упатство за примена на Законот за превоз на патници во патниот сообраќај од 20.09.2012 година и обуката за примена на истото се јавувале на телефонот на Министерството, но дека истиот бил нефункционален, по што царинските службеници се обраќале до шефот на царинската испостава со цел да добијат упатство за начинот на постапување, од кого им било кажано да продолжат да работат по стариот начин, односно според старото упатство од 27.05.2005 година.
Оттука, по наоѓање на овој суд пониските судови не утврдиле со сигурност дали од страна на тужениот биле обезбедени услови за постапување согласно новото упатство, особено со оглед на фактот што од страна на сите царински службеници не било постапувано согласно истото, а со тоа и дали за непостапување по упатството е виновен тужителот или пак не биле обезбедени услови од страна на тужениот за примена на истото, во кој случај вина за неможноста за постапување по новото упатство од страна на царинските службеници сноси тужениот.
Дури откако ке ги утврдат овие решителни факти судовите ќе бидат во можност да изведат заклучок за тоа дали тужителот со издавањето на вкупно 20 дозволи за превоз во меѓународен патен собраќај на полски превозник кој вршел наизменичен превоз на патници П.-Г.-П., ги сторил повредите на кои се темели оспореното решение за престанок на работниот однос на тужителот.”