- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 353.40 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 28, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.26/2017
„(...) Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека постои противречност на причините од кои се раководеле судовите со изведените докази во текот на постапката, поради што, пресудите се нејасни и противречни и како такви се неподобни за испитување.
Имено, призлегува дека судовите со сигурност не утврдиле дали тужителот ја сторил повредата што му се става на товар со оспореното решение, односно дали сторил кршење на работниот ред и дисциплина по член 82 од Законот за работните односи, ако се има предвид дека по однос на повредата која се става на товар на тужителот е изготвено вештачење и составен е записник, потпишан од тројца членови. Во изготвениот записник од тричлена комисија е констатирано дека на снимките се гледа дека тужителот не наплаќал патарина и ослободувал возила, при што поединечно по часови опишале и навеле во кое време каква повреда сторил тужителот.
Во таа смисла првостепениот суд при повторното постапување по тужбеното барање на тужителот за поништување на решението за откажување на договорот за вработување и во задолжението за враќање на работа, ќе треба да ги утврди сите околности од аспект на причините поради кои е откажан договорот за вработување, односно да утврдува дали тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар, дали сторил кршење на работниот ред и дисциплина со кражба или во врска со работа намерно или од крајно невнимание предизвикал штета на работодавачот. Врз основа на утврденото, судот ќе треба да се цени дали оспореното решение е донесено согласно на закон.
(...) првостепениот суд имајќи ги во предвид вештачењето, снимките и записникот од тричлената комисија, ќе треба да ги испитува сите факти и околности во насока дали тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар со оспореното решение, па во зависност од утврденото да донесе правилна и на закон заснована одлука.”