Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.37/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 201.13 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 12, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.37/2018

„Во текот на постапката било утврдено дека тужителката склучила договор за вработување со тужениот, на определено време во траење од 3 месеци, сметано од 19.05.2015 година, при што била пријавена во Агенцијата за вработување. На ден 17.03.2016 година, тужениот донел одлука за откажување на договорот за вработување на тужителката поради кршење на работен ред и дисциплина без отказен рок, поради неоправдан изостанок од работа три последователни дена, односно пет работни дена во текот на една година. Во одлуката било наведено дека тужителката не дошла ниту еден ден на работа сметано од 12.05.2016 година, со што сторила кршење и повреда на работниот ред и дисциплина, во смисла на член 82 точка 1 од Законот за работни односи.

На вака утврдена фактичка состојба, одлучувајќи за основаноста на тужбеното барање на тужителката, пониските судови застанале на стојалиште дека одлуката за откажување на договорот за вработување не е незаконита, при што образложиле дека истата била донесена со цел тужениот да ја расчисти правната ситуација, затоа што тужителката не можела да биде одјавена од Агенцијата на РМ, без тужениот.

Имајќи го предвид наведеното, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека се основани ревизиските наводи на тужителката дека пониските судови при одлучувањето погрешно го примениле материјалното право, поради што фактичката состојба останала нецелосно утврдена.

Имено, врз основа на изведените докази во текот на постапката било утврдено дека тужениот не ја повикал тужителката да се јави на работа, а истата не поднела писмено барање за исполнување на договорот за вработување, ниту побарала судска заштита. Воедно, било утврдено дека тужителката случајот го пријавила во Т. инспекција, при што на 20.02.2016 година, била одјавена од Агенцијата за вработување. При ваква состојба на работите, кога одлуката за откажување на договорот за вработување на тужителката поради кршење на работен ред и дисциплина без отказен рок, била донесена на ден 17.03.2016 година, односно по одјавувањето на тужителката од Агенцијата, во услови кога истата повеќе не била во работен однос со тужениот, според овој суд, не е јасен заклучокот на пониските судови дека побиваната одлука е донесена во согласност со закон.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-430/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право