- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 225.26 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 31, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.158/2016
„(...) Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека постои противречност на причините од кои се раководеле судовите со изведените докази во текот на постапката, поради што пресудите се нејасни и противречни, и не се подобни за испитување.
Имено, судовите со сигурност не утврдиле кои повреди ги сторил тужителот, особено ако се има предвид дека со оспореното решение на тужителот му се ставаат на товар повеќе повреди и конкретно за која му е откажан договорот за вработување.
Во таа смисла судовите со сигурност не е утврдиле дали тужителот при вршење на контрола на моторно возило барал пари од лицето В. Б. и дали ги земал и поради тоа му е откажан договорот за вработување или поради други повреди на работниот ред и дисциплина и кои се тие повреди.
Контрадикторноста и противречноста на причините во прифаќање на законитоста на решението, и повредите на одредбите од правилата кое му се става на товар на тужителот, произлегува од фактот дека во записникот за примање на пријава од 28.09.2014 година е наведено дека лицето В. Б. дало 2.000,00 денари, и тоа две банкноти во апоени од по 1.000,00 денари, во однос на фактот дека кај тужителот биле пронајдени 2.000,00 денари во банкноти од по 1.000,00 денари и две од по 500,00 денари, за кои тужителот наведува дека се негови пари кои претходно ги извадил од банкомат на соодветна банка.
Исто така, со сигурност не е разјаснето дали тужителот сторил кршење на работниот ред и дисциплина со напуштање на работното место, односно дали тужителот постапил спротивно на Правилата и прописите на тужениот, ова со оглед да постои противречност по однос на утврденото и прифатеното дека тужителот заедно со полицискиот службеник, лицето Б. Т., по добиен телефонски повик од лицето Т. Р., се упатиле кон В., но дека по повик од командирот лицето Б. се вратило на место, дека тужителот излегол од службеното возило и влегол во ПМВ “Мерцедес“ и се упатил кон В., што од друга страна е контрадикторно со утврденото во фактичката состојба дека тужителот и службеното лице Б. Т. се вратиле во ПС С. со службеното возило.
Од тие причини првостепениот суд при повторното судење ќе треба со сигурност, јасно и непротивречно да утврди дали тужителот ја сторил и оваа повреда.”