Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.60/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 518.74 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 6, 2019
  • Последна промена ноември 6, 2024

Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.60/2018

„По повод изјавената жалба од тужениот второстепениот суд по одржана нејавна седница, без да одржи расправа, ја преиначил првостепената пресуда и го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот. Во образложението на својата одлука второстепениот суд истакнува дека од изведените докази во текот на постапката произлегува дека тужителот ги сторил повредите кои што му се ставаат на товар со оспореното решение, односно дека тужителот не постапувал по задолжените предмети навреме или воопшто не постапувал, не преземал дејствие за расчистување на настани по одделни предмети, не изготвил посебен извештај, кривична пријава и кај него биле пронајдени вештачења за настани кои не ги доставил до ОЈО во предвидениот рок и не ги одложил во досиејата на предметите, видно од списите во предметот неколку пати бил дисциплински казнуван со парични казни. Од ваквата содржина на образложението на второстепената одлука се заклучува дека второстепениот суд утврдил поинаква фактичка состојба од првостепениот суд.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.134/2018
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право