- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 624.37 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 15, 2020
- Последна промена ноември 6, 2024
Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.98/2019
„(...) првостепениот суд повикувајќи се на член 76 став 1 точка 1, член 80, член 81 став 1 точки 1, 3 и 4 од Законот за работните односи, како и член 4 и член 7 од Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот број 158, Конвенција за престанок на работен однос по иницијатива на работодавецот, го усвоил тужбеното барање на тужителката бидејќи на тужителката не ѝ било дадена можност пред дисциплинската комисија да се брани од изнесените наводи во пријавата, а истата се теретела дека на ден 10.08.2017 година и 11.08.2017 година не се придржувала на пропишаното работно време, распоредот и користењето на работното време и не се придржувала кон работниот ред, со што ѝ било скратено ова право, а со тоа е сторена повреда на постапката на тужениот, согласно меѓународната конвенција.
(...) во Законот за работните односи не е пропишано спроведување на дисциплинска постапка кај работодавачот во врска со сторени повреди од страна на работникот и не е пропишано задолжително присуство на работникот во постапката за откажување на договорот за вработување од страна на работодавачот, поради кршење на работниот ред и дисциплина во случаи предвидени во член 81 од овој закон, за какви повреди ѝ бил откажан договорот на тужителката. На тужителката дадено и е право на приговор против одлуката за отказ на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина, а во кој приговор тужителката имала можност да се произнесе во врска со повредите кои и се ставаат на товар и поради кои ѝ се откажува договорот за вработување.
Меѓутоа, по наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија, основани се ревизиските наводи на ревидентот дека второстепената пресуда е нејасна и неразбирлива и во целост не може да се испита. Ова од причина што основано се укажува во ревизијата дека второстепениот суд без да одржи јавна расправа врз основа на веќе прифатената фактичка состојба од страна на првостепениот суд, извел заклучок со кој утврдил поинакви факти од оние кои што ги утврдил првостепениот суд, а коишто се од решително значење за разрешување на спорните прашања, а кои влијаат за донесување на правилна и законита одлука.
Второстепениот суд при донесувањето на заклучокот за основаноста на тужбеното барање го ценел фактот што тужителката на ден 11.08.2017 година останала на работа до 19.00 часот, иако работното време било до 20.00 часот, односно го напуштила работното место еден час порано без одобрение, односно согласност на овластено лице на тужениот, што значи дека со ваквото однесување ја сторила повредата која ѝ се става на товар па исполнети се обележјата од одредбата од Законот за работните односи, односно непридржување на работното време, распоредот и користењето на работното време, а од што произлегува дека тужителката со ваквото однесување ја сторила наведената повреда, за која ѝ е откажан договорот за вработување. Наспроти првостепениот суд кој прифатил дека тужителката на ден 10.08.2017 година навремено се јавила на работа во дуќанот во Б., но заради болест го напуштила порано работното место, додека наредниот ден 11.08.2017 година, навремено пристапила на работа во Б., во 10.00 часот кога ѝ започнувало работното време, останала на работа до 19.00 часот, со оглед да истата имала повратна карта за О. со автобус во 19.30 часот, од каде произлегува дека тужителката овој ден останала на работа 9 работни часа.”