- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 493.18 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 6, 2019
- Последна промена ноември 6, 2024
Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.129/2018
„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, основано тужителот во изјавената ревизија укажува дека наведените причини во побиваните пресуди се нејасни и не произлегуваат од изведените докази во текот на постапката. Ова од причина што и по наоѓање на овој суд, пониските судови при одлучувањето пропуштиле со сигурност да утврдат дали со новиот Правилник за внатрешна организација и систематизација од 08.04.2016 година, бил намален бројот на извршители на работното место административен асистент, на кое работел тужителот, а со оглед на утврденото дека тужениот извршил евалуација на пет лица кои работеле на работно место административен асистент, согласно стариот правилник за внатрешна организација и систематизација од 05.04.2014 година, а со новиот правилник само во секторот Ф. одделение (...) се предвидени работни места за шест администратори, а кои по опис на работните задачи сосема одговараат на претходно предвиденото работно место на тужителот.
Оттука, по наоѓање на овој суд, одлуките на пониските судови не содржат образложени причини во однос на решителните факти, дали имале потреба од намалување на бројот на извршители на работното место на тужителот како и законитоста на целата постапка, имајќи ги во предвид работните места утврдени со новиот Правилник за внатрешна организација и систематизација од 06.04.2016 година.”